Електронски отпад

Екоцентар97 се залага за спроведување на законот за електронски отпад, и врши превземање и рециклирање на електронски и електричен отпад, по сите стандарди и нормативи.

 

Зависно од обемот, Екоцентар97 своите услуги за превземање на е/е отпад ги нуди на:

 

 

 

 

Што е електронски / електричен отпад

 

Во многу случаи,видливиот дел на електронскиот производ е неговата надворешна школка.Освен ако обвивката е скршена ние ретко можеме да ги видиме огромниот број на електронски плочи,жици и електрични приклучоци кои прават всушност уредот да функционира.Но тие внатрешни механички органи исто така се и токсични.Збир од тешки метали и други хемиски соединенија демнеат во нашиот лаптоп или телевизија.Е-отпадот содржи состојки како олово,жива,арсен,бакар,хром,никел,цинк кои претставуваат потенцијални ризици по нашето здравје.
Е-отпадот е токсично наследство на нашата дигитална ера. Нашиот електричен отпад ја загадува водата за пиење и му штети на целиот екосистем во светот. Време е да се реши тој проблем.

 

Придобивки од рециклирање на е/е отпад

 

• Зачувување на природните ресурси. Рециклирањето обновува вредни материјали од стара електроника што може да се користат да се направат нови производи.
• Заштита на Вашата околина. Безбедното рециклирање на застарена електроника промовира здраво управување на токсични хемикалии како што се олово и жива.
• Создавање нови работни места. Рециклирањето создава работни места за професионални рециклирачи и создава нови пазари за вредните компоненти кои се укинати.

 

ВИДОВИ НА ОТПАД:

ЕЛЕКТРОНСКИ ОТПАД

• Статични и лаптоп комјутери
• Тастатури, глувчиња, кабли, звучници, слушалки
• Домашни телефони и мобилни телефони
• MP3 players
• Дигитални камери и видео камери
• Принтери, скенери и факс машини
• Стерео системи

ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

• Шпорети
• Машини за перење садови и облека
• Греалки и грејни тела
• Микробранова печка
• Машина за правење леб,апарат за кафе и други апарати од домаќинство
• Клима уреди

 

Закон за управување со електронски отпад

 

Со Законот за е-отпад pовеќе нема да може да се фрлаат старите уреди заедно со останатиот комунален отпад, туку ќе се постават соодветни локации за нивно оставање.
Законот за е-отпад подразбира информирање на граѓаните и компаниите како да се справат со отпадот, воспоставување на подобри стандарди за заштита на животната средина и рециклирање, забрана за токсични супстанци и соодветно справување со нив, и правилно означување на опреамата за да може да се сортира одделено од комуналниот отпад.
Дополнително сите производители (тука спаѓаат и увозниците и продавачите) на електрична и електронска опрема ќе мора да понудат механизам за собирање и ослободување на старите уреди за своите муштерии. Односно при секој продаден производ ќе имаат обврска да го земат назад стариот уред.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАШИТЕ НОВОСТИ!

 

dev